Македонија

Трипуновски: Обновено стопанството на сточарот Никола по поплавите

Трипуновски: Обновено стопанството на сточарот Никола по поплавите

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски го посети сточарот Никола Колев, кој крајот на јануари претрпе штета од поплавите што го зафатија неговото стопанство, беа оштетени и објектите и сточниот фонд.

При денешната посета, министерот му посака на сточарот Никола со здравје да го користи новоизградениот објект, како и сточниот фонд кој го доби благодарение на солидарноста на сточарите од цела држава.

„Објектот е изграден со помош на општествено одговорни компании од овој дел и пошироко, нормално помогна и локалната самоуправа со механизација во делот на расчистување на речните корита“, истакна министерот Трипуновски.

„Никола сега има услови повторно да работи и да произведува“, истакна министерот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни