Свет

Трка со времето: 35 часа кислород останаа во исчезнатата подморница до Титаник

Трка со времето: 35 часа кислород останаа во исчезнатата подморница до Титаник

Франција испраќа брод за да помогне во потрагата по потонатата подморница кај остатоците од Титаник.

Крајбрежната стража на Соединетите држави извести дека од вечерва остануваат не повеќе од 35 часа кислород.

Подморницата исчезна во раните утрински часови во неделата. Батискафот „Титан“ е дизајниран да се спушти на длабочина од 4 километри – на иста длабочина како и остатоците од најпознатиот брод во светот.

На бродот се британскиот милијардер и истражувач Хамиш Хардинг, поранешниот нуркач од француската морнарица и кој најмногу нурна до Титаник – Пол-Анри Нарјолет, пакистански бизнисмен со неговиот син и основач на компанијата што ја поседува подморницата. Билетот за експедицијата чини 250 илјади долари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни