Балкан

Тројца Албанци загинаа во тешка несреќа во Грција

Тројца Албанци го загубија животот во сообраќајна несреќа во Грција, додека уште еден е тешко повреден. Жртвите и повредените се членови на исто семејство.

Несреќата се случила денеска напладне, на патната оска Ксинијада – Домоку, во централна Грција, непосредно пред влезот на автопатот.

Возачот на автомобилот, 45-годишен, неговата сопруга 44-годишна и нивната ќерка 21-годишна останаа мртви. 18-годишниот син на парот е тешко повреден.

Според пишувањата на грчките медиуми, тие живееле во Чаландри, Атина и патувале за Албанија.

Причина за несреќата е судирот на овој автомобил со четворица патници, со возило цистерна кое превезувало плин.

Грчките власти соопштија дека судирот бил жесток и дека на пожарникарите и на спасувачките екипи им биле потребни многу часови за да ги евакуираат жртвите и повредените.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни