Свет

Тројца пожарникари исчезнаa додека гасеа пожар: Хеликоптерот им се урнал додека се обидувале да соберат вода

Тројца пожарникари исчезнаa додека гасеа пожар: Хеликоптерот им се урнал додека се обидувале да соберат вода

Тројца пожарникари исчезнаа денеска откако нивниот хеликоптер се урна во резервоар во близина на Измир. Несреќата се случила додека се обидувале да ја зграпчат водата потребна за гаснење на шумскиот пожар.

Во хеликоптерот имало тројца државјани на Киргистан, од кои еден е спасен, пренесен во болница и е надвор од животна опасност, објави Еуроњуз.

За несреќата коментираше и турскиот министер за земјоделство и шумарство Ибрахим Јумакли.

„Нуркачите пронајдоа остатоци од хеликоптерот, но видливоста е слаба и ништо не може јасно да се забележи во моментов“, рече тој.

Инаку, по борбата со разорните пожари во 2021 година, Турција ги зголеми инвестициите во противпожарни авиони и хеликоптери и ангажираше повеќе пожарникари.

Ноќно студио

Најнова епизода

Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни