Балкан

Тројца уапсени поради инцидентот на сплавот „Фристајлер“ во Белград – дозволиле поголем број луѓе од капацитетот

Тројца уапсени поради инцидентот на сплавот „Фристајлер“ во Белград – дозволиле поголем број луѓе од капацитетот

Сопственикот, директорот и управителот на сплавот „Фристајлер“ се уапсени поради инцидентот што се случи на новогодишната ноќ кога тој предмет потона во реката, јавува српски „Блиц“.

Тројката е осомничена дека на 31 декември 2022 година дозволила поголем број луѓе на сплавот од капацитетот на тој објект, кој делумно потонал поради тоа и ја загрозил безбедноста на голем број луѓе.

Сите гости биле бргу евакуирани од сплавот, а неколку луѓе биле полесно повредени. Многу гости останаа без своите работи, а она што беше спасено во понеделникот беше изложено пред сплавот за луѓето да си го соберат.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни