Свет

Тројца загинаа при пад на противпожарен хеликоптер во Измир

Тројца загинаа при пад на противпожарен хеликоптер во Измир

Хеликоптерот во саботата се урна во браната Тахтали во близина на градот Мендерес. Хеликоптерот имал четиричлен екипаж. Противпожарниот хеликоптер мораше да ја подигне водата од браната.

Еден од членовите на екипажот успеал да доплива до брегот на браната. Тој бил примен во болница од каде што пријавиле дека нема опасност по неговиот живот.

Утрово спасувачките екипи го пронајдоа телото на уште еден член на екипажот во браната. Подоцна беа пронајдени и телата на другите двајца исчезнати во несреќата, по што операцијата за пребарување беше прекината.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни