Македонија

Трпески: Проблемите се во злоупотребата на законската регулатива и на Кодексот на однесување

Мал број на финансиски друштва ја злоупотребуваат законската регулатива.

„Од она што е објавено во јавноста, имаше одредени измени во поглед на максимирањето на каматните стапки, но проблемите се во злоупотребата на законската регулатива и на Кодексот на однесување, од мал број на финансиски друштва, и мора тука поактивна улога да има ревизијата од страна на Министерството на финансии.“, вели во интервју за ТВ21, поранешниот гувернерот на Народна Банка, Љубе Трпески.

Една од темите на разговор беше и однесувањето на финансиските друштва, а дел од нив, според Трпески, не ги почитуваат законите, а ниту кодексот на однесување, внесувајќи скриени клаузули.

„За жал некои финансиски друштва не ги почитуваат ниту законските, ниту кодексот на однесување, и внесуваа скриени клаузули во договорите, кои што обичниот корисник на кредит не може да си согледа, ниту, пак, му ги објаснуваат. И после обичниот корисник се соочува со последиците“, изјави Трпески.

Тој смета дека институциите, во случајот Министерството за финансии треба да делува со ригорозни мерки и контроли за спречување на ваквите појави.

„Тука не треба контролорот Министерството за финансии да чека вие новинарите да укажете на тоа, туку треба да делуваат со ригорозни мерки да ја спречуваат таа појава“, изјави Трпески.

Додава дека е потребен голем степен на независност на финанската друштва во земјата, и да не зависат од политиката.

„Неопходно е степен на независност на финансиските друштва, односнот да не зависи нивната контрола од политиката“, изјави Трпески.

Трпески истакна дека сите штедилници се трансформирале во финансиски друштва, со цел да ја избегнат строгата контрола од Централната банка.

„Неколку години после донесувањето на Законот, до 2013-2014, речиси сите, освен две штедилници во Република Македонија, се трансформираа во Финансиски друштва. Зошто? За да ја избегнат ригорозната контрола на Централната банка“, рече Трпески и додаде дека оваа трансформација им ја овозможуваше законот:

„Тоа им овозможуваше законот, затоа што штедилниците работеа од сопствен капитал, а не со прибрани штедни влогови“, додаде Трпески.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни