Трудница го изгубила своето бебе во поплавите во Бих: „Се бориме за нејзиниот живот“

Од Кантоналната болница, Др. Сафет Мујиќ во Мостар, за „Дневни аваз“ е потврдено дека екипите успеале да евакуираат жена во осмиот месец од бременоста во поплавите, која потоа била донесена во таа болница. На трудницата и е извршена операција.

„Станува збор за трудница во осми месец од бременоста, која е евакуирана од екипите на планинската спасувачка служба, која за жал го загуби бебето. Моментално е во животна опасност. Не можам да дадам прогнози бидејќи се работи за повеќекратни повреди опасни по живот“, вели директорката болница д-р Ламија Дурановиќ, во интервју за Аваз.

Се вчитува...

Со трудницата бил донесен и нејзиниот сопруг чиј живот не е во опасност. „Потоа со хеликоптер е пренесено 10-годишно момче со скршеници, а во моментот ниту неговиот живот не е во опасност. Донесен е и маж кој засега е стабилен“, додаде таа.

Таа вели дека сите капацитети во болницата се достапни за прием и згрижување на повредените жители на Јабланица.

„Вработените нема да ги напуштат работните места до понатамошно известување, а ние ќе ги повлечеме сите кои беа ослободени од должност“, рече Дурановиќ.