Царовска: Го слушаме гласот на учениците и заеднички создаваме инклузивно и квалитетно образование

Министерството за образование и наука посветено работи на создавање на поквалитетно и достапно образование за секое дете, истакнува министерката Мила Царовска во видео обраќање со кое го честиташе Меѓународниот ден на детето – 20 ноември.

– Денеска кога го одбележуваме Меѓународниот ден на детето сакам да напоменам дека имаме една и единствена цел – да обезбедиме образование кое ќе овозможи на нашите деца, ученици и ученички да пораснат во граѓани и граѓанки кои научиле да ги употребуваат знаењата за личен и општествен развој. Во таа насока се и реформите кои подразбираат подобрување на условите за настава во училиштата, но и нови наставни програми, засновани на развој на критичко размислување и на вредности, како што почитување на човековите права, толеранција, мултикултурализам и еднаквост, рече Царовска.

Министерката вели дека пандемијата ни наметна многу предизвици, но МОН презема конкретни чекори со кои ќе се спречи застој и уназадување на образовниот систем, но и ќе се заштити менталното здравје на учениците.

– Свесна сум дека сите минуваме низ исклучително тежок период во пандемија, поради што МОН посветено работи на зајакнување на стручните служби во училиштата да одговорат на вашите барања за заштита на менталното здравје. Вложуваме максимални напори за континуитет училиштата да останат безбедни и отворени, рече Царовска

Истакна дека е среќна што започна имплементација на реформските процеси во основното образование и со тоа се забрза модернизацијата на образовниот систем.

– Го слушаме гласот на децата и се трудиме да изградиме инклузивно и квалитетно образование. Вложуваме во младите, вложуваме во наука и создаваме цврста основа на општество кое се грижи за сите и општество на економски раст и развој. Честит да е 20 ноември – Меѓународниот ден на детето. Останете здрави и безбедни во училиштата и не се откажувајте од вашите соништа!”, вели Царовска во честитката по повод Меѓународниот ден на детето – 20 ноември.

Поврзани вести

Царовска: Во интерес на учениците е наставата да се одвива со физичко присуство

Состојбата со ковид во училиштата е стабилна имаме од 0,01 до 0,03 проценти позтивни нови случаеви на девно ниво вели министерката за образование Мила Царовска -Доколку добиеме инфорации од...

Царовска: Остануваме на настава со физичко присуство, состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна

Министерката за образование Мила Царовска оценува дека состојбата со коронавирусот во училиштата е стабилна и токму поради ваквиот факт како што дополни, во најдобар интерес на учениците е училиштата да останат отворени.

Учениците на online настава од декември поради енергетската криза и пандемијата на ковид-19?!

Учениците ќе бидат пуштени дома, а наставата ќе продолжи да се одвива online поради енергетската криза, но и новиот бран на коронавирус, дознава 4NEWS.mk. Засега властите не откриваат дали...

Дали состојбата во училиштата е стабилна како што трврди Царовска?

Мила Царовска соопшти дека повеќе од 75 отсто од наставниците се вакцинирани против ковид-19 и тоа е двојно повеќе од националниот просек. Процентот на нови позитивни и...

Најважното

342 нови случаи на ковид-19 – пријавени 7 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Поворката со останките тргна кон вечните почивалишта на загинатите

 По речиси едночасовното преземање од двата бугарски воено-транспортни авиона, почна транспортот на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа до нивните вечни...

ВО ЖИВО: Во тек е преземањето на останките на жртвите од несреќата во Бугарија

Со едноминутно молчење, почна преземањето на посмртните останки  на жртвите од автобуската несреќа кои претпладнево со два бугарски авиона беа транспортирани на...

Почна церемонијата по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа

Почна церемонијата на Скопскиот аеродром по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа. Двата авиона од Софија...

ВО ЖИВО: Пристигнуваат телата на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија

Денеска во Македонија пристигнуваат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа во Бугарија. Тие пристигнуваат на Меѓународниот аеродром Скопје,...