Царовска за подеднакво родителство: Потребна е пракса, не закон

Поради тоа што не можат да остваруваат нормален контакт со своите деца и сметаат дека се дискриминирани, иницијаторите за подеднакво родителство по развод, на почетокот на 2019-та година ќе достават барање за измени на Законот за семејство до Собранието на Република Македонија. Дел од барањата се да поминуваат подеднакво време со децата и заеднички да одлучуваат за здравствената грижа и образованието на детето.

„Придобивките за децата се огромни, односно на децата им се минимизира загубата на еден од родителите. Тие не се дел од бракоразводната парница, не се средство за поткусурување помеѓу двајцата поранешни бивши партнери“, рече Наум Рибароски од Иницијатива подеднакво родителство.

Се вчитува...

При разводите во Македонија родителите најчесто не можат да се договорат. Министерката вели дека ако имале капацитет да создадат дете треба да имаат капациет и кога го растураат семејството. Спогодбите според Царовска се најдобри, но најчесто се доведени во ситуација да донесуваат решенија со што ги задолжуваат роителите за нивните права и обврски, што според неа не би требало некој да го задолжиш како да се однесува со сопственото дете.

„Македонија како систем има навистина застарени модели на регулирање на видувања и решенија. Законите не се пречка, праксата е нешто на кое што работиме. Она што се случува, најчесто се носат решенија кај едниот или другиот родител детето да е застапено повеќе време. Тој систем беше застапуван порано поради стабилноста и мирот и присуство во еден дом подолго време. Но, светските дентенции се дека таму кај што има услови, нема насилство, злоупотреба и манипулација на деца, се донесува одлука и двајцата родители наместо да плаќаат алиментација подеднакво поминуваат време и ресурси и трошок за своето дете“, вели Царовска.

ТВ21 ги контактираше и Една Може кои сметаат дека мајките треба да се грижат за децата, но како што ни рекоа од страв од насилство не сакаат да зборуваат пред камера.

„Ние не сме само татковци имаме и мајки кои се засегнати со еднакво родителско право 50-50 , тие не гледаат како само татковци дека сме собрани и бараме права за татковците, не ги поддруваме насилствата“, изјави Борко Христов од Иницијатива подеднакво родителство.

„Во нашиот предлог исклучени се сите родители кои не сакат не можат и не се подобни, зависници, душевно болни и тие што се осудени за семејно насилство“, рече Рибароски.

Скандинавските земји, Франција , Белгија пред две децении го имаат усвоено подеднаквото родителство.

Репортер: Александра Велинова

Извор: ТВ21