Накитот е додаток без кој многумина ретко ја напуштаат куќата.
Со текот на времето, кога се користи, и е во контакт со разни надворешни фактори почнува да го губи оригиналниот сјај. Сепак, постои лесно и брзо решение.
Со само неколку алатки од кујната, можете да го вратите неговиот сјај и оригиналниот изглед.
Овој трик бара малку детергент за миење садови, една лажичка прашок за пециво и топла вода.
Измешајте ги сите состојки заедно, потоа ставете накит во смесата. По само две минути, накитот треба повторно да биде сјаен и чист.
Ако прашокот за пециво не е при рака, можете да користите и сода бикарбона.
