ЦЕЛ СВЕТ ЈА ЧЕКАШЕ НЕЈЗИНАТА РЕАКЦИЈА: Ким Катрал јасно кажа што мисли за продолжението на серијата Сексот и градот!

Продолжението на серијата „Сексот и градот“ предизвика поделени мислења кај публиката. Многумина се огорчени бидејќи во новите епизоди не е Ким Катрал која го толкуваше ликот на Саманта.

Добро е познато дека се откажала од снимањето поради расправија со Сара Џесика Паркер, а тоа ги разочара фановите на оваа серија.

Иако не се огласи од почетокот на шоуто, Ким суптилно откри што мисли за продолжението на серијата што ја прослави:

Еден корисник напиша на Твитер: „Многу ми е мило што Ким Катрал го прескокна продолжението на „Сексот и градот“ и наместо тоа глуми во серијата „Како го запознав твојот татко“, и на актерката и се допадна неговата објава.

Тоа беше доволно фановите да ги поврзат и да дојдат до заклучок дека славната Саманта не е претерано воодушевена од продолжувањето на серијата што ја прослави.

Уште по премиерата на првата епизода, на Ким Катрал и се допаднаа неколку, па дури и одговори на твитот кој ја навреди новата сезона на серијата, тврдејќи дека е „неинспиративна“, „премногу политички коректна“, но и дека и недостига ликот на Саманта Џонс, која ја толкуваше токму Катрал.