Балкан

Цела Србија се крена на нозе поради ова видео: „Срамота е, кутра идна жена“

Цела Србија се крена на нозе поради ова видео: „Срамота е, кутра идна жена“

Во соседна Србија, мама Синјорина дефинитивно е ѕвезда на ТикТок, а нејзиното неодамнешно видео кое собра повеќе од 1,6 милиони прегледи, предизвика спротивставени коментари во јавноста. На видеото се гледа како дотичната госпоѓа седи на рамениците на својот син кој неодамна се вратил од Америка, додека тој ја носи низ водата во базенот.

Многумина сметаат дека ваквото однесување е непримерно, па ја опсипаа мама Сињорина со негативни коментари.

„Ладно го возела синот за врат! За мајка премногу слободно однесување кон синот, срамота… Се е ОК, само што мама ми седи на рамења, тоа е малку необично… Едит во најава, какво црвено знаме…, Убаво е да имаш добар однос со син ти, но не и вака интимно, болно е ова што го правиш… Тешко на неговата идна сопруга, само тоа ќе кажам“, ѝ напишаа корисниците на TikTok.

Курир.рс ги контактираше психолозите Љиљана Јагодиќ и Лео Иванишевиќ. Еве што им кажаа.

„Ваквото однесување е дефинитивно претерано кога станува збор за возрасен. Мајката се однесува заштитнички кон детето додека тоа не стане независно. Дури и го охрабрува и поддржува во неговата независност. Со оглед на тоа дека се работи за син, треба да се запрашаме до каде се границите на ваквото однесување и дали ваквиот став укажува на развиен Едипов комплекс кај синот, штом тој си дозволи вакво нешто. Искрено, можеби ова е само добар маркетинг, бидејќи во одреден момент се споменува одредена крема“, вели Љиљана Јагодиќ.

Лео Иванишевиќ смета дека е можно спотот да го снимиле „малку несмасно, сакајќи да направат забавна атмосфера за рекламата“.

„Можеби шок ефектот е таму намерно, бидејќи треба да привлече внимание за да се продаде производот. Прашањето е колку би ни изгледало чудно сето ова да не беа во костими за капење и на базен или разликата во годините да беше поочигледна“, вели психологот и додава дека не може да се извлечат заклучоци за вистинската динамика на нивната врска врз основа на еден TikTok.

„Не гледам ништо лошо во тоа што на мајката и недостасуваше синот кој долго време беше во странство и сега е среќна што повторно го гледа. Кога децата се мали, родителите се тие кои ги носат на грб во водата. Овие луѓе можеби сакале да бидат кул, па го направиле спротивното… Мајката е млада и фит, разликата во години не се гледа на прв поглед, па затоа е уште почудно бидејќи навистина изгледаат како пар. Ако наместо оваа жена замислувавте по ‘типична’ балканска мама во широк фустан на плажа со сламена капа, сè ќе изгледаше поинаку, нели“, вели психологот Лео Иванишевиќ.

Инаку, како што пренесува Јутарњи, мама Сињорина има три сина, а во една прилика еден од нив го научила на основните елементи на танцот на шипка и сето тоа го снимила.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни