Македонија

Целосно затворен патот Ресен-Битола поради тешка сообраќајна несреќа

Целосно затворен патот Ресен-Битола поради тешка сообраќајна несреќа

Кај местото викано Макази вечерва се случила тешка сообраќајна несреќа. Според АМСМ патот Ресен-Битола е целосно затворен и возилата се пренасочуваат по статиот пат.

Читатели на 4NEWS.mk испратија информација пак дека стариот пат е во многу лоша состојба и дека таму во моментов има метеж поради тесниот пат.

„Не можат две коли да се разминат, патот е многу тесен со гранки од страните, подобро чекајте и не тргнувајте по стариот пат“, вели наш читател.

Инаку во моментов нема повеќе информации за тешката сообраќајна несеќа.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни