Breaking Најмалку 39 загинати во судирот на возови во Шпанија, два вагона паднале во насип
Свет

Цената на барел нафта на светските берзи порасна за повеќе од два долари

Цената на барел нафта на светските берзи порасна за повеќе од два долари

Цените на нафтата на меѓународните пазари денеска се зголемија за повеќе од два долари за барел, продолжувајќи го растот втор ден по ред поради намалените залихи на сурова нафта и зголемената побарувачка на бензин во САД.

Цената на барел нафта на лондонскиот пазар порасна за 2,09 долари на 108,71 долари, откако вчера поскапе за 2,22 долари.

На американскиот пазар цената на барелот се зголеми за 2,36 долари, на 99,62 долари, по вчерашниот раст од 2,28 долари.

– Вчерашниот раст на светските берзи, по зголемувањето на каматните стапки од страна на американската централна банка ФЕД и попуштањето на курсот на доларот, ја поддржа цената на нафтата. Тоа го поткрепуваат и официјалните неделни податоци на американската влада за резервите на гориво, изјави Тамас Варга од PVM Oil Associates.

Залихите на сурова нафта во САД минатата недела паднаа за 4,5 милиони барели, додека побарувачката за бензин во САД се зголеми за 8,5 отсто, покажуваат податоците на американската Влада.

Во посебен извештај, Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) денеска соопшти дека барел од нафтената кошничка на нејзините членки вчера изнесувал 108,11 долари, што значи дека е ослабел за 1,25 долари во однос на претходниот работен ден.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни