На меѓународните пазари нафтата од типот брент се тргува по 106,37 долари за барел.
Цената на барелот нафта од типот брент, која вчера се искачи на 108,31 долари, го заврши денот на 104,97 долари. Од денеска во 09:20 часот цената на барел нафта „брент“ порасна за 1,33 отсто во однос на затворањето и стана 106,37 долари. Во исто време, суровата нафта West Texas Intermediate (WTI) најде купувачи по цена од 103,62 долари за барел.
Според податоците објавени од Американскиот институт за нафта (API), понудата на сурова нафта во САД минатата недела паднала за 3,4 милиони барели. Очекувањата беа намалување на понудата на нафта за 1,1 милиони барели. Повисокото од очекуваното зголемување на побарувачката ги зголеми цените на нафтата.
Најавата на Европската унија дека планира нови санкции против Русија вчера го поддржа и растот на цената на нафтата. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се очекува денеска да објави детали за плановите на ЕУ за санкции против Русија.
Инвеститорите чекаат да бидат објавени податоците за снабдувањето со сурова нафта од американската Администрација за енергетски информации.
Се наведува дека технички опсегот од 106,45 до 106,66 долари во нафтата Брент може да се гледа како отпор, а опсегот од 105,96 до 105,61 долари како зона за поддршка.
