Свет

Цената на нафтата конечно почна да паѓа

Цената на нафтата конечно почна да паѓа

Цените на нафтата утринава продолжија да паѓаат, откако на почетокот на месецот го достигнаа највисокото ниво во последните 14 години.

Американската лесна сурова нафта, репер за американскиот пазар, загуби 5,7% од вредноста на 97,13 долари за барел.

Северноморската сорта брент, која е европска референца, падна за 6% на 100,54 долари за барел.

Тековните руско-украински разговори ги поттикнуваат инвеститорите да се надеваат дека понудата ќе биде погодена од војната на минимум, рече трговецот Даниел Хајнс, кој работи за една од водечките банки во Австралија. Сепак, тој додаде дека руската нафта „се повеќе е изолирана“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни