Свет

Цените на нафтата го задржуваат нивото

Цените на нафтата го задржуваат нивото

Цените на нафтата се задржаа стабилно утринава, откако поголем од очекуваниот пад на залихите на нафта во САД ја надмина загриженоста поради зголемените случаи на Ковид во најголемиот светски увозник, Кина, објави Ројтерс.

Брент, репер за европскиот пазар, порасна за 7 центи, или 0,1 отсто, на 80,06 долари за барел, додека американската лесна сурова нафта додаде 4 центи, или 0,1 отсто, на 76,27 долари за барел.

Залихите на сурова нафта во САД се намалија за околу 3,1 милиони барели во неделата до 16 декември, според пазарни извори, цитирани од Американскиот институт за нафта. Девет аналитичари анкетирани од Ројтерс прогнозираа пад од 1,7 милиони барели.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни