Свет

Цените на нафтата пораснаа седма недела по ред

Цените на нафтата пораснаа седма недела по ред

На глобалните пазари на нафта, цените на барелот пораснаа и минатата недела, седми пат по ред, постигнувајќи го најдолгиот тренд на раст од почетокот на 2022 година, откако Меѓународната агенција за енергетика предупреди на сè потесна понуда.

На лондонскиот пазар барелот брент минатата недела поскапе за 0,5 отсто, на 86,81 долар, а за толку поскапе и цената на барелот на американскиот пазар, завршувајќи ја неделата на 83,19 долари.

Цената на нафтата последен пат растеше седум недели по ред во пресрет на руската инвазија на Украина
Цената на Брент е на највисоко ниво од јануари, а американскиот WTI од почетокот на годината. Последен пат цената на нафтата порасна седум последователни недели во периодот јануари-февруари 2022 година, во пресрет на руската инвазија на Украина.

Растот на цената на нафтата беше поддржан од проценката на ИЕА објавена во петокот дека во јуни глобалната побарувачка за нафта достигна рекордни 103 милиони барели дневно, а во август може да достигне ново рекордно ниво.

ОПЕК, сепак, во својата месечна прогноза, ги повтори своите проценки за годишната побарувачка на нафта, очекувајќи раст од 2,25 милиони барели дневно во 2024 година, во споредба со 2,44 милиони барели дневно во 2023 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни