Цените во истарските туристички центри вртоглаво пораснаа во претсезоната и не завршуваaт тука

Во истарските туристички центри веќе во претсезона цените вртоглаво пораснаа во однос на лани, а се очекува како што наближува летото да бидат уште повисоки.

Во Ровињ и Пореч, на пример, цената на едно големо макијато е 3,5 евра, додека едно еспресо е околу 1,80 евра. Во Пула највисоката цена за големо кафе со млеко е околу 2,30 евра во центарот на градот. Истата приказна е и со коктелот „Aperol spritz“, пијалок кој практично најмногу се пие во текот на летото на морските брегови, а чини од шест до дури 11 евра.

Се вчитува...

Цените на порција помфрит се околу пет евра, а на ќебапите никогаш не била повисока и се движи до 18,90 евра. Цената на пицата во споменатите три града е од девет евра па нагоре.

Плескавиците, пак, се посебна приказна, пишува загрепски Јутарњи лист. Ова јадење е доста популарно, па неговата цена во Ровињ може да достигне вртоглави 18 евра. А најголемата разлика помеѓу Пореч, Ровињ и Пула е токму цената на кафето.

Во Пула, во центарот на градот, цените на едно големо макијато се уште не се зголемени на 3,5 евра, што стана нормално во Пореч и Ровињ во центарот. На таа цена веќе никој не се ни жали, пишува весникот.

Од друга страна, во Пула сладоледот е најскап и чини од две до 3,5 евра по топка.