Цеца ќе биде најплатениот член во жирито на Ѕвездите на Гранд?

Домашната јавност не престанува да збори за одлуката на Јелена Карлеуша да ја напушти позицијата на жирито во Ѕвездите на Гранда, како и за потегот на продукцијата да одлучи на нејзино место да ја доведе Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Сега е откриено дека таа наводно ќе добие хонорар од 200.000 евра за оваа работа во текот на целата сезона, дознава српски Курир.

Споменатиот хонорар, за кој се шпекулира јавно, ќе ја направи Цеца најплатен член на жирито на ова музичко натпреварување, а пејачката неодамна на медиумите им ги откри деталите за одлуката за трансфер:

„Земјотрес не се случи. Имаше голема понуда и взаемна добра волја да се подигне едно музичко натпреварување на уште повисоко ниво и дополнително да се популаризира. Покрај сето тоа, со заедничка сила и искуство да формираме нови лица на музичката сцена. Преговорите траеја извесно време ги конкретизиравме дури вчера. Не сакав да зборувам за тоа јавно додека не се потпише договорот, штом се заврши, продукцијата излезе со својата објава. Имам искуство во натпревари, прво учествував на нив и се борев за првите места, а потоа кога направив одредени години од кариерата станав дел од „Пинкови sвездички“. Искрено добивам одлични впечатоци од тоа натпреварување“, рече Цеца во својата прва објава.