Фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ пред точно десет години заработи од само една песна 775 илјади евра, верувале или не, за само четири часа.
Во прашање е песната „Штета за мене“, која долго била најавувана, а потоа станала хит.
Објавена е во месец мај 2011 година во соработка со Милиграм.
Оваа песна била пуштена по цена од 118 динари кога ја симнале дури 774.334 фанови и е срушен секој рекорд. Пуштена е точно на пладне во продажба на веб страницата на „Милиграм музика“, а еден месец подоцна објавено е и ЦД на која се наоѓала токму оваа песна.
Пејачката овој голем успех го прославила со соработниците, пријателите и семејството, а во наредните два дена добила повеќе од илјада писма, плишани мечиња и цвеќе.
Инаку, Цеца не е единствена на која само една песна и донела богатство. Познатата Ана Николиќ од песната „Ромале, ромали“ заработила повеќе од 300 илјади евра, а вложила само 30 евра.
