Жељко Ражнатовиќ Аркан и Светлана Цеца Ражнатовиќ се венчаа на 19 февруари 1995 година и оваа венчавка беше именувана како „свадба на деценијата“.
Сите домашни медиуми се уште пишуваат за нивната љубов, а двајцата во една емисија зборуваа за тоа како се запознале.
„Тоа беше љубов на прв поглед … Па, што знам, страшно се плашев од него, тој воопшто не беше мил со мене. Читав за него и имав искривена слика, кога требаше да пеам за Денот на стражарот, се исплашив, но потоа работите се сменија во моја корист, но и негова“ – се сети тогаш Цеца, а Аркан додаде:
„Слушнав дека сум ишишал некоја Цеца. Никогаш во живо не сум ја видел, ниту пак сум ја слушнал како пее. Таа кога се појави ми кажаа „Ова е девојката која ја ишиша“, истакна тој.
Цеца пак додава дека тој со многу мил глас и кажал „Баш ми е мило што ја запознав девојката која ја шишам веќе година дена“.
„Јас тука паѓам во несвест, беше како Дон Жуан“, додава Цеца.
