Циклонот Невен ќе ја покаже моќта: Очекувајте дожд, снег, бела покривка и замрзнат дожд

Под влијание на циклонот Невен во текот на оваа ноќ во најголем дел од државава ќе има врнежи од дожд додека на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег, има услови снежната граница да се спушти и на околу или нешто под 1000 м.н.в.

На повисоките места и на планините ќе дојде до формирање на снежна покривка, потоа утре (недела) во текот на денот ќе има краткотрајна стабилизација на времето.

Се вчитува...

Веќе во текот на ноќта недела кон понеделник како и во понеделник ќе имаме нови врнежи кој ќе бидат од дожд и од снег и на некои од пониските места, на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег со што ќе дојде до зголемување на снежната покривка а сето ова ќе бида проследено и со засилен северен ветер.

Потоа во вторник ќе има и понатаму услови за сосема слабо и локално провејување на снег, температурите на воздухот значително ќе опаднат и од вторник минималните ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 0 додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 7 степени.

Да напоменеме дека следните денови на повисоките места и на планините ќе се формира снежна покривка која ќе изнесува од 10 до 20 цм, на планинските места и над 20 цм, локално и над 30 цм, таму пак каде што ќе има врнежи од дожд се очекува воден талог локално и над 20 л/м2.

Исто така во некои од котлините има услови и за појава на замрзнат дожд.