Светскиот тренд на „Black Friday“ веќе неколку години се практикува да се одбележува и во Македонија. Во Битола денеска голем број на маркети се приклучија кон ова одбележување, но како што велат битолчани за нив најцрно денеска петок е аерозагадувањето во градот.

Вечерва повторно, Ѝ двете мерни станици во Битола покажуваат енорно загадување. Во топ 5 најзагадени градови вечерва во Битола, два пати може да се забележи мерна станица од Битола.

Мерната станица „Битола 1“ која се наоѓа на периферијата од градот, односно во индустрискиот дел и вечерва покажува 10 пати зголемено присуство на ПМ10 честички во воздухот, а мерната станица „Битола 2“ која беше надвор од фунција повеќе од два месеци, вечерва покажува 4 пати зголемено присуство на ПМ10 честички.
ЈОВИЦА ПАУНОСКИ
