Македонските граѓани летово ќе може да патуваат во Црна Гора без ПЦР тестови. Ова го соопшти министерот за инансии и социјална помош на земјата, Милојко Спајиќ.
– Драго ми е да ве информирам дека сите ограничувачки мерки, вклучително и ПСР-тестирањето, за граѓаните на Русија, Белорусија, Украина и Македонија ќе бидат укинати за посета на Црна Гора оваа туристичка сезона“, напиша на руски јазик Спајиќ.
Се очекува наредните неколку денови да биде прецизиран конкретниот датум од кога македонските туристи без никакви ограничувања ќе можат да патуваат на црногорското приморје.
Од денеска, пак, за влез во Албанија на сите македонски државјани ќе им биде потребен негативен ПЦР тест.