Балкан

Црна Гора истражува кој пукал во масовниот убиец во Цетиње

Црна Гора истражува кој пукал во масовниот убиец во Цетиње

Врховното државно обвинителство (ВСП) во Подгорица отвори случај во врска со престрелката во Цетиње.

Во пораката се наведува дека по преземањето на сите неопходни мерки и дејствија ќе се најдат докази кој го убил Вук Бориловиќ, кој претходно застрела десет лица, а рани шест.

Портпаролот на ВДП Лепа Меденица посочи дека предметот се води „за целосно расветлување на настанот во прашање и вештачење по наредба на обвинителството, како и сослушување на сведоци – очевидци на овој настан, за да се соберат докази за тоа кој му го одзел животот на лицето Б.Б., кое претходно убило 10, а ранило шест”.

Вук Бориловиќ (34 години) бил застрелан со 5 куршуми, кои најверојатно не ги испукале полицајците кои пристигнале. на местото на трагедијата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни