Црна Гора се однесува како другите земји кои воведоа санкции кон Русија во случајот со одбивањето да го прелета авионот на Лавров, коментира црногорскиот премиер.

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ синоќа по повод забраната за летот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров над земјата изјави дека Црна Гора постапила како другите земји кои воведоа санкции кон Русија, пренесе агенцијата МИНА.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера и денеска требаше да го посети Белград, но таа беше откажана откако Бугарија, Северна Македонија и Црна Гора одбија да му дозволат на авионот на Лавров да лета низ нивниот воздушен простор како дел од санкциите воведени кон Москва, поради руската инвазија на Украина. .

Се вчитува...

„Црна Гора воведе санкции кон Русија поради нејзината агресија врз Украина, и тука нема ништо нејасно. Се надевам дека ќе дојде време кога ќе има мир, кога ќе ги укинеме санкциите и кога сите ќе можат да летаат над Црна Гора. рече тој.по повод петгодишнината од приемот на Црна Гора во НАТО.

Абазовиќ нагласи дека додека се во сила санкциите, Подгорица ќе стои на страната на своите партнери и ќе води јасна и недвосмислена политика кон ЕУ.

„Нашите активности се идентични со оние на земјите што воведоа санкции. Не би го драматизирал ова прашање“, рече Абазовиќ.