Бензинот Еуросупер 95 во Црна Гора е најевтин меѓу земјите од регионот на Западен Балкан, како и еуродизелот, покажуваат податоците на Министерството за капитални инвестиции на Црна Гора.
Последните податоци на секторот за цените на нафтените деривати покажуваат дека литар бензин Еуросупер 95 во Црна Гора чини 1,45 евра.
Во Албанија неговата цена е 1,78 евра, во Хрватска – 1,64 евра, во Србија – 1,62 евра, во Босна – 1,6 евра и во Северна Македонија – 1,55 евра.
Најскапиот бензин Еуросупер 95 во Европа го плаќаат граѓаните на Данска – 2,22 евра, а најевтин е во Унгарија – 1,29 евра.
Кога станува збор за дизелот, литар во Црна Гора чини 1,55 евра, исто како и во Северна Македонија. Во Албанија може да се купи за 1,9 евра, во Хрватска – 1,86 евра, во Србија – 1,83 евра и во Босна – 1,69 евра.
Граѓаните на Шведска плаќаат најскап еуродизел во Европа – 2,37 евра, а најевтин е во Малта – 1,21 евро.