Докторката од Клиничкиот центар во Црна Гора, Невенка Павличиќ, побара од Националното координативно тело за справување со коронавирусот, со налог да биде затворен ковчегот на митрополитот Амфилохије.
Таа смета дека ритуалот во кој илјадници луѓе го бакнуваат по телото, е извор на зараза, пренесува „Радио Слободна Европа“.
„Не знам колку имате моќ, но знам дека сте обврзани да се однесувате кон сите како еднакви граѓани на Црна Гора како претседател на Националното координативно тело“, рече Павличиќ.
Таа смета дека Амфилохије треба да биде погребан според истите правила како и сите кои ќе починат од коронавирус, а не „да се прават настани и промоции за лидери на други земји“.
Ковчегот го посмртните останки на Амфилохије беше предаден во Подгорица и изложен во црквата Христово воскресение, каде илјадници верници му одадоа почит.
Амфилохије почина во петокот, откако беше примен во Клиничкиот центар на 6. октомври, каде му беше укажана лекарска помош како компликации на Ковид-19.
.
