Цртаниот филм „Маша и медо“ стана број еден во светот

Рускиот „Маша и медо“ изби на првото место најгледан цртан филм во светот.

Имено, овој цртан филм ги престигнал и „Пепа прасето“ и „Патролни шепи“ во гледаност, јавува меѓународната агенција „Перот аналитикс“.

„Според светските истражувања „Маша и медо“ стана број еден детско шоу во светотм престигнувајќи ги „Пепа прасето“, „Патролни шепи“ и „Улицата сезам““, велат од руската компанија Анимакорд, кога произведува анимирани филмови.

Тие додаваат дека токму „Маша и Медо“ им е главен и најуспешен проект.

Рејтингот, објавен од „Перот аналитикс“, ги вклучува најпопуларните цртани филмови во предучилишна возраст во светот.

Истражувањето се заснова на повеќе од 10.000 детски емисии кои биле следени на аналитичка платформа и измерени со онлајн барања упатени до деца ширум светот.