Црвенковски бара итнa седница на ЦО на СДСМ – „Да се донесе заклучок дека искажаните ставови на Заев не се ставови ниту на ЦО ниту на СДСМ во целина“

Поранешниот претседател на државата и на СДСМ Бранко Црвенковски по долго време повторно се обрати во јавноста, а повод за тоа е вчерашното интервју на актуелниот премиер и претседател на СДСМ Зоран Заев, за кое Црвенковски посочува дека е скандалозно и бара итна седница на Централниот одбор на партијата и на таа седница да се донесе заклучок дека искажаните ставови на Заев не се ставови ниту на ЦО ниту на СДСМ во целина.

„Да се реафирмираат уште еднаш ставовите на СДСМ за македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, македонската историја, карактерот на антифашистичката борба и АСНОМ. Почитувањето и спроведувањето на таквите заклучоци да биде задолжително и без релативизрање за секој член на раководството на партијата и секој државен функционер предложен од СДСМ“, посочува Црвенковски.

Тој додава дека до одржувањето на таква седница на ЦО, тој го замрзнува своето членство во СДСМ.

„До одржувањето на таква седница на ЦО, јас, Бранко Црвенковски,
основач и долгогодишен претседател на СДСМ го замрзнувам моето
членство во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“, пишува Црвенковски.

The post Црвенковски бара итнa седница на ЦО на СДСМ – „Да се донесе заклучок дека искажаните ставови на Заев не се ставови ниту на ЦО ниту на СДСМ во целина“ appeared first on TV21.mk.