Македонија

ЦУК: Пладневен пожар и во Виничко, но брзо локализиран и ставен под контрола

ЦУК: Пладневен пожар и во Виничко, но брзо локализиран и ставен под контрола

Центарот за управување со кризи вели дека пожарот што денеска се појавил на пладне во месноста Скараница, Виничко, бил за неколку часа изгаснаст од пожарникарите од Виница и дел од месни жители.

Директорот на Центарот за управување, Стојанче Ангелов, беше на лице место на терен при што искажа благодарност и им оддаде признание на пожарникарите за брзата и успешна реакција за локализирање и гаснење на пожарот за неколку часа веднаш по неговото појавување околу 12.00 часот.

Инаку, од огнот беше зафатена површина околу 10 до 15 хектари од мешана шума и трева, а и еден овоштарник со сливи. Дежурна екипа од виничките пожарникари ќе внимава за да не се разгори.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни