Македонија

ЦУК: Успешната акција – пронајден изгубен повозрасен човек кој е изгубил берејќи чај

Оперативниот центар на ЦУК и Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Велес заедно со субјектите од Системот за управување со кризи имаа успешната акција за пронаоѓање изгубен повозрасен човек (67 години), којшто отишол да бере чај при што се загубил во Велешкиот ридест региoн.

Појдовната информација за покренување спасувачка акција е добиена пред полноќ вчера, 14.07.2022, конктретно дека на подрачјeто на општина Чашка во реонот на с.Ореше место викано Орешка Чука.

А. Н. во 23.19 часот известил преку е-112 на ЦУК дека неговиот татко Д. Н., којшто има 67 години, во текот на денот отишол да бере чај при што се загубил и се уште се нема вратено, а се стемнило.

Од Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Велес веднаш се известени СВР Велес (Полицијата) и колегите од ЦУК од Секторот 112 за да го лоцираат.

Преку еднинствениот телефонски број за итни ситуации 112 е добиено известување дека неможат да го лоцираат, бидејќи се работи за возрасен човек којшто незнае да следи и прати локација од телефонот, па СВР Велес стапиле директно во контакт со лицето и добиле општи описни информации од него за можната локација.

Потоа од страна на СВР Велес е побарано од РЦУК Велес теренско возило за да можат да испратат екипа на терен. Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Велес координирано и преку брза потапка преку раководителот на Регионалниот центар, обезбедил теренско возило (Лада Нива).

Спасувачката екипа на терен со теренското возило излегла вечерта околу 01.15 шасот, по полноќ, во потрага по изгубениот. После целовечерна потрага, загубениот повозрасен човен (67 години) е пронајден во раните утрински часови.

Според службената информацијата од СВР Велес лицето Д. Н. е пронајден во 6.40 ч. и истиот е во добра здравствена состојба без повреди.

Така, успешно се заврши акцијата координирана од Оперативниот центар на ЦУК и Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Велес заедно со субјектите од Системот за управување со кризи за пронаоѓање на загубенио повозрасен човек.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни