Цветанов: Директорот на УБК е човек на Сашо Мијалков и ги штити сите инспектори

Во вечерашното издание на „Click Plus“ дебатираме со Мирјана Јанчевска – професор, Ване Цветанов – поранешен директор на управата за финансиско разознавање и Џабир Дерала – аналитичар.

Цветанов вели дека директорот на УБК е човек на Сашо Мијалков и ги штити сите инспектори.

Се вчитува...

„Директорот на Управата за безбедност и контраразознавање кој што беше еден од првите пет луѓе на Сашо Мијалков ги штити сите инволвирани во процесот внатре и не дава да фали влакно на ниту еден инспектор од УБК. Додека тој човек седи таму и ги штити оние кои придонесоа да имаме заробена држава, ние не можеме да говориме за владеење на правото во оваа држава“, рече Ване Цветановски во студиото на ТВ21.

Извор: ТВ21