Свет
13,249,228
Вкупно активни случаи
Updated on 21/06/2021 17:58 17:58
Македонија
273
Вкупно активни случаи
Updated on 21/06/2021 17:58 17:58
Македонија
5,477
Вкупно починати
Updated on 21/06/2021 17:58 17:58
Македонија
149,877
Вкупно оздравени
Updated on 21/06/2021 17:58 17:58

Турската лира продолжи да тоне

Вредноста на турската лира и денеска продолжи да паѓа, а потона и главниот турски берзански индекс, бидејќи инвеститорите стравуваат поради економската политика на Турција и влошувањето на односите меѓу Анкара и Вашингтон. Турската Централна банка објави низа мерки за обезбедување на ликвидноста на домашните банки, но слободниот пад на лирата продолжи, бидејќи мерките не успеваат да ја повратат довербата на инвеститорите.

Бидејќи потона минатата недела, вредноста на лирата вчера падна за дополнителни седум проценти во однос на доларот, а од почетокот на годината за 45 проценти. Индексите на сите поголеми светски берзи го завршија денот во минус, а турската „Борса Истанбул 100“, падна за 2,4 поценти.

Лирата падна бидејќи инвеститорите се сомневаат дека турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган ќе успее да се избори со слабата валута и дипломатскиот спор со САД, што резултираше со двојно зголемување на американските царини на увоз на челик и алуминиум од Турција.

Ердоган ја исклучи можноста за подигнување на референтните каматни стапки, што би можело да го успори економскиот раст, додека независните аналитичари наведуваат дека подигнувањето на стапката е итно потребна за стабилизација на турската лира. Дополнително, новиот претседателски систем во Турција му овозможува на Ердоган да изврши притисок на Централната банка и да спречи подигнување на каматните стапки.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com