Свет

Турски дрон го наруши грчкиот воздушен простор

Турски дрон го наруши грчкиот воздушен простор

Турски дрон влегол во грчкиот воздушен простор без да достави план за летање и го нарушил грчкиот воздушен простор во источниот дел на Егејското Море денеска, објави „Катимерини“, повикувајќи се на грчките власти.

Воениот дрон го прелета островот Агатониси триесет минути по полноќ на надморска височина од 19.000 стапки.

Против дронот е преземена акција во согласност со меѓународните правила и истиот е вратен во Турција.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни