Македонија

Турски државјанин приведен во Охрид, осомничен за врбување за проституција

Турски државјанин приведен во Охрид, осомничен за врбување за проституција

Дваесет и четиригодишен државјанин на Република Турција е приведен во Охрид поради сомнение дека врбувал, поттикнувал, намамувал или учествувал во предавање лице на друго лице заради вршење проституција.

Како што информираат од СВР Охрид, Р.К. (24) од Истанбул бил лишен од слобода на 3 септември во 11 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид.

Полицијата презема мерки за целосно расветлување и документирање на случајот.

По завршување на постапката, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од СВР Охрид.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни