Македонија

Турски државјанин уапсен на автопатот Скопје–Куманово, превезувал мигранти од Египет и Алжир

Турски државјанин уапсен на автопатот Скопје–Куманово, превезувал мигранти од Египет и Алжир

На 23.02.2026 околу 21:30 часот на бензинска пумпа на автопатот Скопје- Куманово, полициски службеници го лишија од слобода О.К.(33) од Турција, затоа што со возило „шкода“ со косовски регистарски ознаки, превезувал шест лица мигранти, тројца од Египет и тројца од Алжир.

Претходно, на наплатната станица Романовце, тој не застанал на даден знак од полициските службеници, но по преземени мерки возилото е пронајдено, О.К. е лишен од слобода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.




Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни