Свет

Турците ризикуваат да ја изгубат заштитата на човековите права во Европа

Турците ризикуваат да ја изгубат заштитата на човековите права во Европа

Небахат Акоч вели дека нејзиниот живот доби нов пресврт откако Европскиот суд за човекови права во 2000 година пресуди дека била мачена во турски притвор, охрабрувајќи ја неа и другите да ја продолжат својата борба за правата на жените, објави Ројтерс.

Сега таа стравува дека Турците би можеле да ја изгубат таа заштита бидејќи Турција се соочува со протерување од Советот на Европа (СЕ), водечко тело за човекови права, откако не ја исполнила судската наредба од 2019 година за ослободување на затворените бизнисмен и филантроп Осман Кавала.

Комитетот на Советот на министри покрена постапка за прекршување против Анкара, која засега го нагласува дијалогот, но на крајот може да доведе до протерување на Турција или до прекин на нејзиното членство, велат експертите.

Запрашан за потенцијалните мерки, портпаролот на СЕ рече дека Комитетот на министри мора да одлучи за чекорите и нивното време.

Податоците на ЕСЧП покажуваат дека донел 3.820 пресуди против Турција во периодот 1959-2021 година, од кои 3.385 вклучуваат најмалку едно прекршување на правата – најголем број од која било земја. Турција има најголемо население меѓу 46-те земји-членки и ја потпиша Конвенцијата пред многу од нив.

Ова е втор пат да се покрене постапка против земја-членка. Во првиот случај, Азербејџан на крајот ја исполни одлуката.

Експертите истакнуваат дека потенцијалното отстранување на Турција ќе лиши 85 милиони граѓани од механизмот за заштита на нивните права.

Турскиот суд изрече пресуда на 25 април годинава го осуди бизнисменот Осман Кавала на доживотен затвор, прогласувајќи го за виновен за обид за соборување на владата преку финансирање антивладини протести во 2013 година. Кавала е пет години во затвор без осудителна пресуда и ги негира обвиненијата што му се покренати против него и 15 други обвинети за протестите во паркот Гези.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни