Претседателот на Европската Комисија Доналд Туск денеска на прес-конференција изјави дека недоделувањето на датум на Северна Македонија е грешка, а не вина на земјата. Порача земјата да продолжи по патот, и да чека нова шанса, а убеден е дека еден ден сигурно ќе биде дел од ЕУ.
„Лично, мислам дека беше грешка, но понатаму нема да коментирам.Имам една порака до Северна Македонија – ве молам не се откажувајте, нема потреба од фрустрација, вие го сторивте своето, ние не. Не се сомневам дека еден ден ќе станете полноправни членки на ЕУ“, рече Туск.