Полскиот премиер Доналд Туск им порача на Полјаците и Европејците да ги изгубат своите илузии и да сфатат дека војната во Украина е и нивна војна.
На отворањето на Варшавскиот безбедносен форум, полскиот премиер денес им порача на Полјаците и Европејците дека, без разлика дали им се допаѓа или не, војната во Украина е и нивна војна.
„Често слушаме во Варшава и на други места како велат: „тоа не е наша војна, нека се самоубијат или нека ги решат своите проблеми, ние не сакаме да плаќаме“.
Полскиот премиер нагласи дека денес воопшто нема прашање дали некому му се допаѓа или не му се допаѓа Украина, бидејќи тоа не е едноставна солидарност со нападнатата земја.
Туск: Војната во Украина е и наша војна