Џони Деп го доби своето право да продолжи со тужба за клевета вредна 50.000 долари против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, која го тужеше за физичко насилство, пишува „Variety“.
Имено, во 2018 година, Амбер за Вашингтон пост напиша дека доживеала домашна злоупотреба. Таа не го именуваше Деп, но претходно го обвини за семејно насилство по разводот во 2016 година.
Две години подоцна, британскиот таблоид „The Sun“ објави статија во која се наведува дека славниот актер ја претепал својата сопруга. Во ноември 2020 година, Деп загуби тужба против таблоидот.
Странските медиуми пишуваат дека Херд побарала да се отфрли тужбата на актерот против неа, имајќи предвид дека во двете тужби има обвиненија дека е насилник.
Меѓутоа, судот во Вирџинија одлучи дека случаите и изјавите се различни.
Судијата, исто така, забележа големи разлики помеѓу законите за клевета во Америка и Обединетото Кралство и смета дека регулирањето на британските пресуди во американскиот суд ќе создаде „застрашувачки ефект“ и може да постави „опасен преседан“.
Тој, исто така, ги опиша аргументите презентирани од Амбер „особено збунувачки и бесмислени“.
Инаку, Деп неодамна го даде првото интервју по обвинувањата на поранешната сопруга. Потоа рече дека Холивуд го бојкотира поради неговата борба на суд со Амбер, и поради написот објавен во The Sun.
ФОТО: Profimedia
