Македонија

ТВ21 анкета – Колку им веруваат граѓаните на партиските ветувања?

На прагот на изборите, односно во изборна кампања, политичките партии излегуваат со разни ветувања за да ги придобијат симпатиите на граѓаните. Им ветуваат дека ќе им ги решат проблемите што ги имаат. Но колку граѓаните им веруваат на политичарите и нивните ветувања во изборните кампањи.

„Има добри, има и лоши. Колку ги реализираат нивните ветувања. Не многу. Ништо не се исполнува.“

Дел од нив мислат дека партиите според нивните можности ги реализираат ветените проекти.

„Ветувањата се нормални, нивното исполнување на крајот на краиштата не зависи само од нив. Толку колку што имале простор, политичарите ги завршиле сите.“

Колку им верувате на ветувањата на политичарите?

Граѓанин: Тешко прашање.

„Ги исполнуваат колку што можат, ако не може, не може. Државата од народот зема пари. Од пандемијата народот е ослабен многу, не работат многу бизниси.“

„Јас сум за премиер Албанец. Нека се обединат албанските партии и нека изберат премиер Албанец.“

Првично, пандемијата со коронавирусот во земјата ги одложи предвремените парламентарни избори закажани првично за 12 април, овие избори  за прв пат ќе се одржат во понеделник , вторник и во среда.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни