Македонија

ТВ21 на граничниот премин „Табановце“ – македонски државјани од Италија со негативни тестови, не ги пуштаат да влезат во земјава (ВИДЕО)

ТВ21 денеска беше на терен на граничниот премин „Табановце“ каде што затекна револтирани македонски државјани кои не биле пуштени да влезат во земјава, и покрај тоа што од Италија имаат документи со негативни тестови.

Им рекле дека не може да влезат во земјава со тие направени тестови, иако од Италија им рекле дека важат за сите земји во Светот.

„Одиме од Италија со тест негативен. Сите сме регистирани преку Амбасадата, преку МНР, поминуваме Словенија без проблем, Хрватска без проблем, Србија без проблем, тука во Македонија не не пуштаат да влеземе со тест негативен.

Ние во Италија го побаравме тој тест, тие ни рекоа дека важи за сите земји. Тука ни велат: „Кој ве лажел со ваков тест?“. Не испратија во Врање да направиме тестови, а таму ни велат ќе чекаме една недела. Каде да чекаме? На граница? Од Врање брисот оди во Белград, па потоа се добиваат резултати. Има автомобили со деца, а има и четири автобуси кои доаѓаат наваму и сите се со вакви тестови“, рече соговорникот пред камерата на ТВ21.

Тие велат дека немаат ништо против да бидат тестирани во нашата земја, и да седат во домашна изолација ако треба и повеќе од две недели, но никако не прифаќаат да бидат вратени од граница.

.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни