Македонија

ТВ21 прашува: Кои од политичарите се против половите операции?

Бура реакции од голем број на политичарите следуваше по најавата дека врз грбот на Фоднот за здравство ќе има бесплатни операции на промена на пол. Дел од реакциите беа со бројни стереотипи, а други дека има многу други приоритети во здравственото лекување на товар на Фондот.

„Ова е скандалозно. Ова е сосема неприфатливо. Ќе се потрудиме да спречиме тоа да не се случи. Бидејќи родот е даден од природата. Тој го одредил Господ. Не може да го смени ниту човек ниту влада. А, најмалку ова да се прави на трошок врз граѓаните“, изјави Сурија Рашиди – Алијанса за Албанците.

„Секој граѓанин треба да си одбере каков живот сака да живее. Тоа е негова слободна волја. Но друго е прашањето дали е приоритет на државата да финансира приватни операции. Мислам дека во овој момент имаме други приоритети“, изјави Лилјана Поповска – ДОМ

„Како парламентарна група на ДУИ се против тоа,  и тоа  да се прави со  парите на граѓаните“, изјави Ејуп Алими – ДУИ.

„Не сум упатен, вчера бев до полноќ на седница. Не сум во тек“, изјави Ферид Мухиќ – независен пратеник.

„Владата има поголеми приоритети за решавање отколку да дава приоритет на вакво прашање“, изјави Драган Данев – ВМРО-ДПМНЕ.

Имаше реакции и на социјалните мрежи.

„Разузданоста на деспотот нема крај. Кога граѓаните плачат поради неквалитетното здравство, каде цената неретко е човечкиот живот и власта нема решение, сега се најавува промена на пол на државна сметка. Промената на полот е право на избор, а лекувањето на болест е нужност. Правото на живот е поголемо и поважно од сѐ друго. Промена на полот, не со пари на граѓаните“,напиша на Фејбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Но, критики стига од градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Прави со сопствениот живот што сакаш, сакај и менувај пол, лична одлука, но не на државна а уште помалку на моја сметка! Да се разбереме, не сум против лични слободи и права, маргинализирани групи и.т.н. ги почитувам и уважувам сите, но ова е веќе навредливо. Во претставничката демократија законот е волја на мнозинството (ГРАЃАНИ), не лична желба на поединци!

Транс родовите лица се израдуваа за кратко, самите ќе мораат да плаќаат дотолку сакаат да извршат промена на полот.

РЕПОРТЕРКА: АРБАНА Ќ КЛИМЕНТА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни