Комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан на „Твитер“ денеска побара објаснување од унгарската Влада за доделување на политичкиот азил на Никола Груевски. На неговото „барање“ му одговори портпаролот на Владата на Унгарија, Золтан Ковач кој му напиша да почне да го чита неговиот извештај од март 2018 година за Македонија во кој што тој навел „ризик од политичко влијание на судството“.
Се вчитува...

