Дали сте слушнале за Крег Рајт?
Компјутерскиот научник Крег Рајт, кој тврди дека е пронаоѓач на биткоинот, ја доби граѓанската тужба против компанијата на починатиот поранешен деловен партнер, кој тврдеше дека му должи половина од биткоинот вреден повеќе од 50 милијарди долари.
Судската одлука значи дека Рајт може да ги задржи сите 1,1 милион биткоини, пишува Cnet.
Компанијата на Дејвид Клејман, пријател и соработник на Рајт, кој почина во 2013 година, на суд тврдеше дека тие двајца заедно создале биткоин.
Иако Рајт може да ја задржи својата биткоин ризница, судот одлучи дека тој мора да плати отштета од 100 милиони долари за неплатена интелектуална сопственост на W&K Information Defense Research, заедничко вложување основано од Клејман и Рајт.
Рајт со години тврди дека е Сатоши Накамото, што е всушност псевдонимот на мистериозниот креатор на најпопуларната криптовалута во светот – биткоинот.
1,1 милион биткоини се меѓу првите биткоини што се стекнуваат преку рударството на крипто, а експертите тврдат дека некој вклучен во биткоин од самиот почеток сигурно би имал пристап до дигитален паричник што ја содржи споменатата ризница на биткоин, чија вредност се проценува на околу 54 милијарди долари.
Сепак, прашањето за вистинскиот идентитет на Накамото не беше утврдено на судењето, а двете страни тврдеа дека Рајт бил или делумно или целосно одговорен за создавањето на биткоин.
Сепак, Рајт допрва треба да пристапи до споменатиот дигитален паричник со 1,1 милион биткоини, што всушност би било практично и еднаш засекогаш доказ дека тој навистина е Сатоши Накамото.
Адвокатите на W&K Information Defense Research се задоволни од пресудата и отштетата од 100 милиони долари.
