Македонија

Уапсен Косовец со фалсификувана дозвола за престој

Вчера во 10:45 часот на граничен премин „Богородица”, при гранични проверки, било констатирано дека француската дозвола за привремен престој на лицето В.С.(30) од Косово е фалсификувана.

В.С. бил задржан и лишен од слобода, по што бил предаден  во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни