Маж од турско потекло е уапсен во Лаврио, југосточна Атика, под сомнение дека силувал жена на плажа, објави грчкиот весник „Екатимерини“.
Според информациите, напаѓачот ја нападнал жената додека била сама на плажа – ја претепал и силувал, по што побегнал од местото.
Жртвата веднаш го пријавила случајот во полицијата и раскажала дека во еден момент се обидела да го земе својот мобилен телефон за да побара помош, но напаѓачот ѝ го одзел уредот.
Полицијата, трагајќи по докази, го пронашла телефонот на карпите во близина. По извршените форензички анализи, од отпечатокот од прст оставен на телефонот бил идентификуван сторителот.
Мажот бил уапсен вчера, а при распитот ја признал вината за бруталниот напад.
Истрагата за случајот продолжува.
